Доколку сте обожавател на социјалните мрежи, особено Инстаграм, тогаш голема е веројатноста дека досега сте сретнале некоја фотографија од познатата блогерка Блер Иди.

Изминатата година таа имаше особено шик комбинации на кои секогаш им додаваше дел од нејзината елеганција и шарм кои неодоливо потсетуваат на оние од времето на Одри Хепберн.

Оваа девојка својата кариера ја започна во продавниците на познатиот бренд GAP, а веќе неколку години наназад таа е една од најпознатите светски блогерки.

Благодарение на нејзината креативност и изострено чувство за стил, блогот на оваа девојка насловен како Atlantic Pacific денеска е еден од најпопуларните и најпосетуваните воедно.

Сите овие години таа е позната по нејзиниот супер стил и избор на комбинации кои секогаш се исклучително женствени и полни боја, а високите потпетици се нешто по што исто така е позната.

Лаковите за нокти и јаките кармини се дел од нејзиното секојдневние, но на сосема суптилен начин кој не можете, а да не го обожавате.

Доколку имате време да го погледнете нејзиниот профил на Инстаграм сигурно ќе ви се допадне нејзината игра со класичните парчиња, женствените и супер интересни фустани, но и нејзината огромна колекција модни додатоци. 

Објавено:
28 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.079 пати