Иако времето сè уште е одлично и температурите се прилично високи, доаѓа сезоната во која слоевитото облекување ни е омилено.
Врз сите тие слоеви шик облека, највпечатлив на прв поглед е мантилот што ќе го одберете кој мора да биде совршен.
Социјалните мрежи и првите ревии од модните недели веќе посочија што ќе носиме претстојната студена сезона, а нам ни се допаѓаат сите предлози.
Боите и оваа есен ќе бидат неутрални, почнувајќи од задолжителната кафена, нежната крем, прекрасната сива, темно зелената, бордо и неодолива сина.
Како и секогаш, материјалите се стандардните, со повеќе фокус на кожата, велур, твид со моменти како карирани детали, кожени ремени, разни принтови, украси од крзно и што уште не.
Девојките овие мантили кои најчесто се со должина до под колената, совршено ги комбинираат со високи кожени чизми над колената, рамни чевли, па дури и патики.
Што се однесува до парчињата одоздола, можете да правите разни комбинации составени од панталони и ролки, џинс и кошули, плетени или било какви фустани за на работа.
Добриот мантил е дефинитивно задолжителен за секоја дама, па доколку сè уште немате еден во вашиот плакар, сега е време да го набавите вистинскиот.
Фото: Harper's Bazaar