Оваа дама ќе ве убеди: На зимата ѝ прилегаат ведри и смели бои

21 декември 2022

Блер Еди популарната модна блогерка од Сан Франциско, која успешно го води актуелниот моден блог Atlantic-Pacific, стана препознатлива по својата смела игра со боите кои недвосмислено се нејзин стилски печат.

Всушност токму темпераментниот и ведар дух на нејзиниот имиџ, е она што ја издвојува и ја прави привлечна за оние кои бараат неконвенционалност во модниот свет.

Така, колоритната динамика останува карактеристика и на нејзината зимска естетика. Блер во своите зимски комбинации имплементира ексцентрични принтови со класични кроеви, што како целина е допадлива и неизбежно впечатлива.

Наспроти стандардната посмирена и потемна палета во зима, стилот на Блер е еден пријатен и убав пример како оваа сезона од годината ја нуди слободата да ја обоите во ведри бои и тоа да функционира совршено.

Како поттик и мотивација, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил од каде ние издвоивме неколку зимски колоритни фаворити.

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
21 декември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.234 пати