Оваа есен внесете доза на бунтовност и носете кожени парчиња

28 август 2014

Црната е една од боите кои се актуелни  во секоја сезона, со особен акцент во зимскиот период. Ако на црната боја и го додадеме кожениот материјал тогаш со сигурност имаме полн моден погодок. Оваа студена сезона покрај комбинезоните, шапките и рамните чевли, во плејадата најпопуларните модни хитови со сигурност ќе се најдат и кожените парчиња.

Доколку сакате да бидете кул, тренди и секогаш во тек со последните модни тенденции, комбинирајте кожени парчиња во вашите дневни аутфити. За сите вас кои имате храброст, особено актуелни ќе бидат кожените парчиња во темно црвена, кралско сина, кафена и сива нијанса. Бидете инспиративни и внесете доза на бунтовност во вашето модно секојдневие. Кожените јакни, здолништа, фустани и панталони ќе бидат вистинскиот избор за било која пригода. Погледнете ја галеријата и одберете го парчето кое најмногу соодветствува со вашиот стил.

Објавено:
28 август 2014
Категорија: 
Тренд