Првично освојувајќи ги годинешните модни писти, палтата со анимал принт, особено леопардскиот, полека но сигурно се пренасочуваат кон освојување на гардероберите на стилските жени, без разлика на нивната возраст.
Фото: Pinterest
Па така, со својата минатогодишна модна ревија, Celine веќе сугерираше дека анимал принтот ќе го има своето големо враќање, а Ула Џонсон пак ги најави палтата со леопардски принт како „модното парче на сезоната есен/зима 2022/2023".
Тука се вбројува и брендот Мајкл Корс познат по добро скроените и предимензионирани модели со леопардски дезен.
Несомнено стаува збор за бесмртна класика која никогаш не излегува од мода и секако, еден од највпечатливите трендови за есенската и зимската сезона за оваа 2022 година.
Покрај тоа што се неодоливо шик, овие палта се и визуелно „гласни" и привелкуваат внимание, па со тоа тие се и идеалното парче облека за луѓе кои претпочитаат храбри стилски подвизи.
Фото: Pinterest
Во прилог можете да погледнете неколку инспиративни примери за тоа како да ги комбинирате палтата со леопардски принт оваа сезона.
Фото: Pinterest





