Од сезона во сезона на модната сцена се појавуваат нови трендови што ги освојуваат девојките, но постојат некои безвременски парчиња што секоја дама треба да ги има во својот плакар.
Тоа се парчиња на кои им се враќаме одново и одново без разлика на трендовите, па денеска внимание им посветуваме токму на нив.
Викендов е совршено време да го средите плакарот и да ги најдете овие парчиња за кои читате во продолжение, а знаеме дека ги имате дома.
Прво на што мислиме се секако добрите фармерки во светла нијанса од кои мора да имате барем еден модел во плакарот, а со нив ќе направите безброј комбинации.
Потоа, никогаш не смеете да заборавите на малиот црн фустан кој е совршен избор за секоја прилика, ниту пак на белата кошула која ќе ве „спаси“ во толку многу ситуации.
Белото сако е подеднакво важно парче како и останатите што ги споменавме, бидејќи можете да го комбинирате со што и да посакате, а секогаш изгледа толку елегантно и модерно.
Никако не смееме да заборавиме на квалитетните црни потпетици кои можете да ги комбинирате со што и да посакате, без разлика дали станува збор за стајлинг со фармерки или пак некој елегантен фустан.
Ако викендов имате барем малку време, пронајдете ги овие парчиња и направете стилски комбинации веќе за следната недела.
Инфо и фото: Fashion.hr