Есента само што пристигна, па вистинско време е да почнеме да се подготвуваме со нови стилски комбинации во кои ќе вметнеме и малку боја.

Вистински хит оваа сезона е прекрасната портокалова која се чини никогаш не била во центарот на вниманието, иако го заслужува тоа.

Токму оваа боја ќе внесе свежина во секоја ваша комбинација, без разлика дали се работи за парчиња за на работа или пак за свечена пригода.

Иако интензивна, есенва експериментирајте и комбинирајте ја со јака вилетова, со сина или некоја друга боја по ваш избор за впечатлив стајлинг во секое време.

Одберете плисирано здолниште во оваа боја, стилски костим со панталони и палто и секогаш сигурниот избор – лежерен фустан за сите пригоди.

Секако, секоја студена сезона избор број еден се џемперите, па збогатете го плакарот и со по некој портокалов џемпер.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
25 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.990 пати