Покрај бројните примери на враќање или реобмислување на стари трендови и сеприсутниот ретро стил, оваа есен ќе бидеме сведоци и на нови, а можеме да речеме и неочекувани трендови, за кои сме возбудени.
Miuccia Prada во колекцијата за есен/зима 2022/2023 година претстави комбинација од бела долна маичка и проѕирно здолниште, која веднаш стана хит. Ревијата ја отвори ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер, а познатата пејачка Дуа Липа го носеше на насловната страница на американскиот Вог за јуни и јули.
Фото: Vogue
View this post on Instagram
Но „хајпот" за ова здолниште не завршува тука, напротив, ги преминува границите на реалниот свет и преминува во виртуелниот, откако компанијата Мета неодамна го вклучи во првите три дизајнерски комплети за аватари на корисниците што ги продаваат како дел од Инстаграм и Фејсбук.
Така се роди трендот на проѕирни здолништа кој се чини дека ќе владее со претстојната есенска сезона. Сепак, Прада не е еднинствен „виновник" за ова движење. Одлични проѕирни парчиња во колекциите за оваа сезона претставија и y/Project, Valentino, Coperni и Loewe.
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Дизајнерските брендови, како и обично, ги следат high street брендовите, па овој модел или дизајни инспирирани од моделот на Прада со сигурност ќе пронајдете н а рафтовите во локалните бутици. Понудата е навистина разновидна, од едноставни црни модели од тул кои се целосно проѕирни до оние од ПВЦ до поскромни верзии кои ја откриваат поставата под проѕирната ткаенина.
Во прилог ви претставуваме неколку примери како да го вклопите проѕирното здолниште во вашата гардероба.