Предимензионираните ролки имаат особено драго место во нашите срца, а оваа есен и претстојната зимска сезона, тие ќе бидат едни од најпосакуваните парчиња облека, кои имаат моќ да направат да се чувствуваме топло и удобно и да изгледаме одлично.
Фото: Pinterest
Кога температурите опасно се приближуваат до нулата, модните правила почнуваат да се менуваат, а функционалноста наеднаш станува приоритет. Меките и топли парчиња облека кои овозможуваат комбинација на кул изглед скокаат на врвот на нашата топ-листа, а меѓу нив на тронот се издвојува безвременската ролка.
Во последно време можеме да видиме дека доминираат различни модели и кроеви на ролки, вклучително долгите, предимензионираните и кропираните, кои изгледаат одлично во комбинација со фармерки, кожни парчиња и класични панталони.
Фото: Pinterest
Со внимателна грижа, квалитетната ролка може да трае неколку сезони, а иако важи за прилично монотоно парче облека, со малку креативност може да биде сè само не здодевно
Со додавањето на предимензионирана бела кошула, рлката добива сосема нов лик, потпикната во кожени панталони, додава заводлива атмосфера, а во комбинација со кариран блејзер, фармерки и кафени чизми до колена, станува класика.
Фото: Pinterest
Погледнете неколку инспиративни фотографии кои ќе ве мотивираат да ја облечете вашата омилена предимензионирата ролка уште веднаш.
Фото: Pinterest