Викендот е како создаден слободното време да го искористите релаксирано и опуштено да се инспирирате и да го подготвите вашиот изглед како за преку ден така и за вечерно излегување. За да ви олесниме и разрешиме вашите дилеми, ви предлагаме две комбинации, дневна и вечерна. Комфорен и лежерен стајлинг, е предлогот за преку ден, додека вечерната, е шик и елегантна комбинација од тренди парчиња. Приложените фотографии пред се нека ви бидат водич за спојот на боите, секако не мора да ги поседувате истите парчиња, туку да пробате да ги споите оние што веќе ги поседувате. За првиот изглед потребни ви се темно зелени цигара фармерки, џемперче со интересен принт во беж нијанса, тегет спортско палто и каремел нијанса на чантата и чизмите. За вечерниот изглед пак, одлучете се за фенси краток црн топ, врз кој ќе облечете класично црно сако, додека долните парчиња се оние што ќе придонесат за ведрина и впечатлив колорит. Актуелната виолетова нијанса на класични пантолони одлично се спојува со впечатливиот животински принт од чевлите и тиркизната плик чанта. Блескајте со позитивна енергија која облеката ќе ви ја интензивира уште повеќе!
•
8 февруари 2014
Објавено:
8 февруари 2014Категорија:
Тренд