Прогнозираме: Какви модни деликатеси нѐ очекуваат оваа есен?

3 август 2023

Какви модни деликатеси нѐ очекуваат оваа есен?
Одговорот ни го дава француското издание на магазинот Vogue кој повикувајќи се на тенденциите кои доаѓаат заедно со новите сезонски колекции на најизвиканите модни куќи, како и на прогнозите на добрите познавачи на модната сцена, издвоија неколку „гласни" трендови за претстојната сезона.

Здолниште врз панталони
Се сеќавате на овој „поп" тренд од раните 2000ти? Ова есен ни се враќа на голема врата. Фенди, Живанши и Шанел веќе ни го најавија овој старо-нов тренд на модните писти.

Тантела
Заводлива тантела секогаш – кога сакаме да изгледаме секси! Во своите најнови сезонски колекции и отстапија простор и Гучи и Баленсијага, најавувајќи уште една тенденција месеците пред нас.

Црно-бела класика
Секоја сезона класиката останува непроменета референца. Црно-белите комбинации добиваат уште патрактивна димензија оваа есен, по примерот на Шанел, Армани и Клое.

Пејсажи
Мотиви со пејсажи испринтани на фустани, кошули и сетови. Модниот пејсаж за оваа есен звучи возбудливо!

Естетиката на 50-те
Женственоста во гардероберот од 50-те години и поствоената мода, добиваат свое значајно место на листата трендови за оваа есен.

 

Објавено:
3 август 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.205 пати