Со оглед на тоа дека веќе беа објавени номинациите за 94-то издание на Оскарите закажани за 27-ми март, а паралелно беа промовирани и колекциите од едицијата Висока мода на елитните модни куќи, може да направиме еден „моден пресек" за тоа што би можело да се види на оскраовскиот црвен килим.
Меѓу дамите номинирани за Оскар оваа година се и Никол Кидман, Пенелопе Круз, Џесика Честејн, Оливија Колман, Кристен Стјуард, Кирстен Данст, па според нивниот сензибилитет и претходните соработки за најпрестижната црвена патека, ја имаме нашата модна прогноза во која вклучивме дел од луксузните модни брендови и нивните актуелни колекции.
Најскапата модна писта секако го заслужува и најголемиот гламур што во дизајнерските колекции е потенциран преку изборот на луксузни ткаенини и материјали, блескав накит и мајсторската рачна изработка.
Како фаворити, кога Оскарите се во прашање, се издвојуваат неколку клучни имиња кои секоја година го освојуваат вниманието на црвената патека: Диор, Армани, Џамбатиста Вали, Живанши, Ели Сааб, Фенди, Оскар де ла Рента, Валентино, Зухаир Мурад кои годинава диктираат тенднеција на свежи и интензивни бои или пак нежни, пудрести тонови, лелеави материјали, кроеви што суптилно ја следат силуетата или такви во А линија, волуменозни детали, флорални принтови, пердуви, реси и блескави, скапоцени капења како финиш.
Во продолжение следува нашата оскаровска модна прогноза:
Диор
Џамбатиста Вали
Фенди
Ели Сааб
Оскар де ла Рента
Валентино
Зухаир Мурад