Пролетна романтика со Миу Миу

10 мај 2014

Мјуча Прада знае секогаш како да изненади со нешто сосема урбано, но сепак во знакот на пролетната романтика, каде преовладуваат парчиња со поп – ап графика, ретро детали и принтови од 60-тите и 70-тите години.

Кратко по промоцијата на пролетната колекција, парчињата почнаа да се користат за голем број едиторијали и насловни страни, а исто така и голем број селебрити се појавија во мантили и фустани од Миу Миу на разни настани. Меѓу нив се Лупита Нјонго на премиерата на филмот „12 години ропство“ и Алекса Чанг за поддршка на проектот Women’s Tale.

Објавено:
10 мај 2014
Категорија: 
Тренд