Птичјиот принт во фокусот на зимските колекции за оваа година

10 март 2014

И покрај фактот што во текот на зимата голем број птици ги напуштаат своите гнезда за да заминат во потоплите поднебја, сепак во рамките на модните недели „продефилираа“ на пистата и тоа во неколку облици и бои.

Жил Жил

Пердувестите пријатели не беа само дел од принтовите на њујоршката модна недела, туку нивните мали клунчиња и фасцинантни крила беа присутни и на модниот караван во Лондон, како дел од колекцијата на Жил. Дизајнерот се одлучи на блузата изработена од свила да аплицира портокалово-сини птици кои „ѕиркаат“ низ гранките.

Алберта Ферети Алберта Ферети

Тука не застана птичјата модна манија. Птицата како инспирација се најде и на Миланската сцена, а ја промовираа Алберта Ферети и Феј. Алберта се одлучи птиците да ги извезе на црвен фустан со широко здолниште, а Феј се одлучи за малку откачена варијанта, па затоа го зема најдобриот пријател на кучето Снупи од истоимениот анимиран филм, жолтата птица Вудсток.

Феј Феј

На крај, овој симпатичен тренд беше поддржан од модниот крал Валентино, кој својата зимска колекција ја претстави во Париз. Дизајнерот одлучи да му вметне неверојатна елеганција на својот моден изглед, па претстави  софистицирано извезен феникс врз транспарентен модел на црн фустан во златно, зелени, сини и портокалово-кафени нијанси.

Валентино Валентино

Објавено:
10 март 2014
Категорија: 
Тренд