Разголен грб наместо деколте
•
25 мај 2017
Наместо деколте, ова лето разголете го грбот и акцентот ставете го на задниот дел од аутфитот.
Во прилог на ова е и модната тенденција која е особено актуелна во уличната мода – кошули со гол грб.
Овој тип на кошули идеално се комбинираат со ретро џинс со висок струк или пак со лелеави здолништа.
Вистински избор за на плажа, но и за вашите секојдневни лежерни летни аутфити.