Ретро мода: Се враќаат хеланките од нашето детство

19 март 2021

Хелнаките и панталоните од 90-тите, кои одеа преку стапалото и на тој начин беа дополнително исправени, односно оптегнати, повторно се во мода.

Од познати лица, како Викторија Бекам, па се до модни блогерки, овие хелнаки си го најдоа повторно своето место на модната сцена.

Можат да се видат разни варијанти - од црни до карирани, со поголем или помал отвор, а за разлика од претходно кога ги носевме во обувките, овој пат се' почесто се носат преку потпетицата.

Кога се во прашање комбинациите, ако се работи за верзија на панталони или хеланки од полна ткаенина, тогаш може да се сретнат и во деловни стајлинзи.

Многумина ги комбинираат и со дуксери или пак маици со долги кошули. 

Одат и со патики и со високи потпетици, па доколку ви се допаѓа овој тренд кој го спречува собирањето на хеланките кај колената, тогаш погледнете ги примерите во продолжение, веруваме дека ќе ве инспирираат.

 

Објавено:
19 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.153 пати
Тагови: 
хеланки