Романтични фустани во пудрести нијанси

15 февруари 2017

Романтичните, лелеави фустани секогаш имаат свое место во модни тенденции независно за која сезона се работи. Тоа е така затоа што лесно се имплементираат во сечиј стил и едноставно се комбинираат и со кежуал, но и со екстравагантни парчиња.

За претстојната пролетна сезона особено актуелни ќе бидат романтичните фустани во пудрести тонови, а во фокус ќе бидат розовите нијанси.

Изборот е голем па може да изберете помеѓу миди фустани со карнери, такви со голи рамена, во асиметрични кроеви или пак макси со минималистички крој.

 

Објавено:
15 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
784 пати