Многу често, постарите дами сметаат дека по одредена возраст плакарот единствено треба да го наполнат со потемни нијанси облека за кои сметаат дека совршено им прилегаат.
Иако многу од нив ќе кажат дека не се доволно храбри да одберат комбинација во светла нијанса, сезонава трендовите го велат токму спротивното – розовата ќе биде must have за сите генерации.
Се разбира, тука не станува збор за онаа „Барби“ розова, туку за неодоливата и секогаш елегантна топла и шармантна розова која е создадена за дами со истенчен вкус.
„Многу често, жените на моја возраст сметаат дека тие единствено мора да носат темни комбинации за секоја пригода, но јас сметам дека тоа не е точно. Јас ја сакам розовата боја, која е толку едноставна, но истовремено елегантна и совршена за мене. Секако, далеку од тоа дека сакам да изгледам како девојче, но комбинирањето на розова чанта со розови чевли и некој елегантен фустан навистина може да биде шик за жена на моја возраст“, вели Сандра Хауард која направи одлична фотосесија со розови парчиња од бројните колекции сезонава, за потребите на Дејли Мејл.
Во текстот покрај фотографиите, таа појаснува дека треба да внимавате на таа тенка линија помеѓу тоа да изгледате како дама и како кукла.
„Секогаш одбирајте добри, лесни материјали и парчиња со едноставен крој, без премногу строги линии. Само на тој начин никогаш нема да згрешите“, вели таа.
Сандра додава дека овие парчиња во фантастична розова се совршени за жени на нејзина возраст, особено за русокоси на кои се чини најдобро им стои.
„Ја сакам розовата боја бидејќи и дава еден посебен сјај на мојата кожа како што тоа го прават белите и крем нијанси. На пример, носењето на розов шал не само што изгледа прекрасно, туку истиот ќе направи вашето лице да сјае и да изгледа помладо. Истото е случај и со блузите и кошулите во оваа нијанса кои ги носам години наназад и имаат супер ефект“, пишува Сандра во текстот.
Драги дами, оваа сезона бидете елегантна и шик и не дозволувајте годините да ве спречат да одберете парче во розова боја за кое сме сигурни дека одлично ќе ви прилега.
Погледнете ги одличните комбинации на Сандра и инспирирајте се уште веднаш!