Сакате чанти?! Оваа сезона, платнените чанти ќе ги заменат кожните!

24 февруари 2021

Чантата е дефинитивно клучен дел од секој изглед. Таа има моќ да ја смири комбинацијата (ако е во некоја понеутрална боја) или да и' даде живот (ако е во посмела боја или принт).

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marc Jacobs (@marcjacobs)

Оваа сезона, платнените чанти заземаат клучно место во гардероберот со додатоци. Ако во минатото чантите од платно беа наменети за на плажа и за пазарење, денес дизајнерите ги вклучуваат во секој сегмент од животот - во секојдневието, во канцеларија, во елегантните изгледи. 

Што се однесува до моделите, најдобра варијанта е веројатно големиот (oversize) модел, во кој ќе соберете сè што ви е потребно.

На модните писти, ваквите платнени чанти можеа да се забележат кај Кристијан Диор, Фенди, Балман, Барбери, Марк Џејкобс, Џил Сандер.

Објавено:
24 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
680 пати