Секогаш и секаде кошула + фармерки

5 септември 2023

Една од комбинациите што секогаш можеме да ја носиме се фармерки и кошула.

Овие две парчиња биле и ќе бидат спојка со која што можеме да се појавиме секаде, а притоа да изгледаме добро без многу труд.

Уште подобро е што можеме да си играме со различни бои и дезени кога ја одбираме кошулата.

На риги, класична бела, сина, свилена, широка, па и тексас може да дојде во комбинација.

Вака стилизирани можеме да облечеме потпетици, патики, балетанки, сандали, чизми... односно она што ќе одговара на приликата.

Токму поради оваа слобода на избор фармерките и кошулата се дел од сечиј стајлинг, помалку или повеќе.

 

Фото: Pinterest

Објавено:
5 септември 2023
Категорија: 
Тренд