Шарлиз Терон во кожен фустан од Александар Меквин е вистинска „bombshell“
•
6 декември 2019
На промотивната турнеја за блокбастерот во најава „Bombshell", Шарлиз Терон, една од главните протагонистки покрај Никол Кидман и Марго Роби, се појави во трендовски кожен фустан од луксузната модна куќа Александар Меквин.
Една од најубавите актерки во Холивуд, истовремено и една од најдобро облечените, уште еднаш се покажа во одлично издание во парче што важи за моден хит сезонава.
Фустанот е без ракави, ја следи линијата на телото во миди крој, а од колената надолу е пуштен во карнери. Половината е нагласена со ремени, а фустанот е комбиниран со елегантни високи потпетици.
Инспиратвен пример за некоја од претпразничните забави што претстојат.
Фото: Инстаграм
View this post on Instagram