Шерон Тејт - Безвременска инспирација за летен бохо стил

10 август 2022

На 9-ти август 1969 година, трагично заврши животот на големата надеж на Холивуд, убавата актерка Шерон Тејт која беше убиена во осмиот месец од бременоста во нејзиниот дом од членовите на озогласеното семејство Менсон, предводено од Чарлс Менсон.

Му беше муза на познатиот режисер Роман Полански, а потоа и голема љубов. Стапија во брак на 20 јануари 1968 година. По нејзината смрт, тој изјави дека неговиот живот никогаш повеќе нема да биде ист.

Тејт во 60-те добивала помали телевизиски улоги, а во меѓувреме била популарна како модел и често се појавувала на насловните страни на магазините.

По позитивните критики и рецензии за нејзините ролји, важела за едно од најветувачките имиња во Холивуд.

Остана најпрепознатлива по улогата на Џенифер Норт во култната класика „Valley of the Dolls" од 1967 година, за која доби и номинација за Златен Глобус.

Нејзината улога ја портретираше Марго Роби во блокбастерот од 2019 година, „Once Upon a Time in... Hollywood", каде глумеше заедно со Бред Пит и Леонардо ДиКаприо.

Во ова филмско остварување беше доловено и нејзиниото маркантно чувство за естетика, со што и публиката од новата генерација можеше да се запознае со нејзината величина како модна икона.

Безвременската димензија на нејзиниот бохо имиџ е присутна и денес како инспирација. Препознатлива по лелеавите хипи фустани, комбинацијата од мини здолниште и високи чизми, широките траки на глава, кошулите со ѕвонести ракави и џинс со висок струк, масивните округли очила за сонце и нејзината кристално чиста убавина.

Тоа што Шерон Тејт го носела пред пет децении е исто толку атрактивно и денес, барем во модернизирана верзија.

Доза инспирација позајмена од летниот стил на Шерон Тејт, следува во продолжение.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
10 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
477 пати