Веројатно „на прв поглед" делува невозможно во ист концепт да се спојат: деловен, стилски и пријатен изглед со екстремно високи летни температури.
Но, ако се направи вистинскиот избор на ткаенини и естетика, со малку умешност при комбинирањето, оваа невозможна летна мисија може да премине во вистинско уживање кое ќе ви помогне да се чувствувате подобро и попријатно во вашата работна средина, оваа сезона од годината.
Најзначајниот сегмент за да направите успешна, а и естетски допадлива деловна комбинација кога температурата се качува над 30C, е да одберете пријатна, природна ткаенина која ќе ви гарантира пријатно чувство во сопствената кожа.
Лен во лето е избор со кој нема да погрешите. Во истито ранг се и памукот и свилата како природни материјали што нема да ви ја загрозат удобноста, а ќе придонесат за рафиниран и елегантен деловен изглед.
Ленени сетови што вклучуваат блејзер и панталони или елек и здолниште се секогаш сигурен, а впечатлив избор за деловен аутфит во лето.
Женствените миди фустани во комбинација со удобни чевли секогаш одолеваат на трендовите и остануваат вечна класика во деловниот свет, дури и на екстремни температури.
Комбинациите со памучни или свилени кошули, лелеави здолништа или панталони со висок струк, ќе ја „спасат" ситуацијата секогаш кога темпратурите се качуваат високо над 30C, а вие немате време да размислувате на темата: што да облечам за на работа, а да се чувствувам удобно и убаво?
Одговорот веќе го имате во фото галеријата во продолжение.
Фото: Пинтерест