Што да облечете денес?

18 март 2014

Веќе во континуитет како за девојките, така и за момците нудиме сугестија за тоа кои парчиња да ги одберете за ваша комбинација. Денешниот ден е резервиран за  два стајлинзи за момците, како дневен така и вечерен. Елегантно –спортската варијанта од кошула во впечатлив цветен принт во спој со светол џинс на фармерки е дневниот предлог, додека во вечерниот промената е во однос на бојата на кошулата врз која обидете се да комбинирате мото јакна исто така со цветен принт од силни нинјанси. Во зависност од обврските понесете голема  чанта за дневната, а нешто помала димензија за вечерниот изглед. Имајте 24 часовно уживање!

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Тренд