Нашиот предлог за вашиот изглед за денес се состои од две урбани комбинации, дневна и вечерна, каде доминира миксот на тегет и портокалово-црвената боја.
Со оглед на сончевото време, во текот на денешниот ден бидете храбри, па помешајте ги дезените. Тегет лелеави шорцеви со точки и бела кошула со тегет риги се супер-разиграна комбинација, која можете уште повеќе да ја освежите со палто односно јакна со патент во портокалово-црвена боја. Изгледот не би бил комплетен доколку не си поиграте со модните додатоци, па затоа не излегувајте без тренди голема чанта со слична комбинација на бои, портокалово-црвени сандали, како и богат син ѓердан во комбинција со тегет часовник. Од сончевите здраци заштитете се со шапка, на која исто така има бела лента со тегет риги.
Имајќи предвид дека честопати сме во трка со времето, за вечерната комбинација ви предлагаме да ги замените шорцевите со долги, широки тегет панталони. Сатенската лента од страна дава елегантна нота, совршена за вечерни излегувања, а пригодата дозволува нежната дневна шминка, да ја замените со поинтензивна. Брзо, едноставно, урбано и шик. Зграпчете го денот.