Што да облечете денес?

4 февруари 2015

Не дозволувајте ова дождливо утро да ви ја расипе денешната комбинација и внесете барем малку свежина во неа. Одберете црни панталони во комбинација со шик џемпер во сива боја, а изгледот потенцирајте го со црвени гумени чизми со кои ќе му се спротивставите на дождот надвор. Што се однесува до модните додатоци, денеска носиме накит во златна боја и шармантни бисерни обетки. Комбинацијата надополнете ја со дождовно капутче по ваш избор во кој секогаш веруваме!

Објавено:
4 февруари 2015
Категорија: 
Тренд