Што да облечете денес?

10 февруари 2015

Со оглед на студеното време што нѐ разбуди утрово, денеска носиме исклучително топла комбинација составена од неколку шик парчиња. Одберете топол зимски џемпер во крем и бела нијанса и комбинирајте го со тесни фармерки и задолжителни, топли чорапчиња одоздола.

Модните додатоци и денеска се во фокусот, па така во ниту еден случај не заборавајте ја зимската капа и ракавиците кои се целосно во зимски дух. Комбинацијата надополнете ја со дебело елече во сива боја и крем чизмички до над глуджот, а секако, не заборавајте ја и кожената кафена чанта за сите ваши мали богатства.

Објавено:
10 февруари 2015
Категорија: 
Тренд