Што да облечете денес?
•
25 февруари 2015
Овие последни зимски денови, максимално искористете го вашиот омилен сив капут и комбинирајте го со интересен андроген стајлинг. Носиме едноставни црни панталони и ги комбинираме со сива кошулка со долги ракави. Одозгора, за шик изглед одберете елече во темно сина боја чии рабови се обложени со црна свилена лента. Со оглед на тоа што ова утро надвор нѐ дочека врнежливо време, облечете црни чизмички до глужд за безбедно да го поминете денот. Очилата за сонце денеска се единствениот моден додаток што го носиме, бидејќи надежта за сонце никогаш не умира!
Среќна среда!