Што да облечете денес?
•
26 февруари 2015
Овој четврток сме вљубени во темно црвената боја! Носиме панталони во прекрасна нијанса и ги комбинираме со нежна бела кошула. Целиот акцент денеска го ставаме на наметката со реси во неодолива крем боја што целосно ќе го разигра вашиот стајлинг. Чизмичките во црна боја одлично ќе се соединат со слатката шапка во иста боја со трака и странична панделка во темно црвена нијанса. Чантата овојпат е во иста боја како и панталоните, а во однос на модните додатоци, единствено часовникот во златна нијанса ќе заврши одлична работа.
Уживајте во претпоследниот работен ден од неделата!