Овој петок целосно спротивставете му се на сивото време со прекрасна колоритна комбинација. Иако во истата има неколку сосема различни бои, тие совршено се надополнуваат една со друга. Носиме панталони во окер боја комбинирани со слатка бела кошулка со црни точки што ќе и даде посебен шарм на комбинацијата. Одозгора, црното палто е одличен избор што одлично ќе се надополни со останатите парчиња. Чантата и чевлите овојпат нека бидат во темно црвена боја која ќе и даде посебен печат на целата комбинација и уште повеќе ќе ја разигра. Модните додатоци денеска се подеднакво важни, па така одберете повеќе сребрени и црни алки со слатки детали. Црните обетки со мали кристалчиња одоколу, одлично ќе се вклопат со парчињата во црна нијанса, а секако и со мачкастите очила!
Ви посакуваме прекрасен петок исполнет со многу смеа!