Што да облечете денес?
•
16 март 2015
Конечно, сончевото време од прекрасниот викенд што измина го имаме и на првиот ден од работната недела, па така можеме да уживаме во стилска комбинација. Разиграјте ја оваа недела со нежно бело здолниште во комбинација со топло џемперче што е како совршено за овие утрински часови. Комбинирајте ги со шик лакирани чевлички во темно црвена боја како хит боја за оваа година. На овој стајлинг, додадете му слатка мала чантичка од превртена кожа во крем боја што ви е сосема доволна од изборот на модни додатоци.
Уживајте во овој сончев понеделник!