Што да облечете денес?
•
11 април 2015
Оваа сабота сме бохо расположени! Носиме лесно црно фустанче и го комбинираме со шармантно цветно кимоно. Фустанчето комбинирајте го со црни хулахопки бидејќи сѐ уште времето не нѝ дозволува летни комбинации. Одберете и црни чизмички до глужд, а целиот фокус денеска ставете го на модните додатоци. Црната шапка, шик алките и мини чантичката ќе додадат дополнителен шик во вашата комбинација!
Имајте прекрасен празничен викенд!