Што да облечете денес?

14 април 2015

Драги девојки, денеска конечно мораме да се вратиме во реалноста, но подготвени! Иако времето не е како што очекувавме, не дозволувајте тоа да ви го расипе расположението. Носиме тесни фармерки во темна боја и ги комбинираме со маичка на пруги и слатки црвени балетанки. Бидејќи има најави за дожд во текот на денот, задолжително со себе понесете си чадор како моден додаток и вашето омилено капутче. Од накит, денеска носиме единствено бисерни обетки, а црвената чанта совршено нека го надополни вашиот денешен стајлинг.

Објавено:
14 април 2015
Категорија: 
Тренд