Што да облечете денес?

6 мај 2015

Бидејќи конечно дојде лето во нашиот град, денеска е вистинско време да се одлучиме за прекрасна летна комбинација. Носиме лесно кусо фустанче во крем боја и го комбинираме со слатки балетанки со интересен принт. Денеска сѐ е во додатоците, па така носиме часовник во кафена нијанса и шик алки. Обетките се златни, а денеска повеќе од задолжителни се кафените очила за сонце.

Имајте убава сончева среда!

Објавено:
6 мај 2015
Категорија: 
Тренд