Што да облечете денес?
•
28 мај 2015
Утрово во главниот град се разбудивме со навистина ниски температури за овој период од годината! Иако веруваме дека едвај чекате да се ослободите од јакните и топлите парчиња, денеска тие се задолжителни! Носиме хеланки со слатки цветни принтови и ги комбинираме со лежерна бела маичка врз која задолжително носиме јакничка, овој пат тексас. Комбинацијата крунисајте ја со црвено шик ранче и тренди алки во црна боја, а секако и црвени ниски патичиња.
Уживајте во последниот ден од работната недела!