Што да облечете денес?

30 мај 2015

bfdc0dfcd5e03ce1a54ca8c6deb3e0c5

За овој викенд ви предлагаме црн краток комбинезон. Ова парче е едно од актуелните трендови, а црната боја е секогаш сигурен избор и овозможува многу комбинации. Ние го комбинираме со балетанки во животински принт и кафена чанта за преку рамо, но ништо помалку атрактивни нема да бидете доколку се одлучите за високи потпетици и клач чанта на пример, или некој неконвенционален моден додаток.

Комбинирајте го според својот сензибилитет и пригодата за која сакате да го носите.

Со оглед на свежите вечери, куса јакна или интересно палто ќе ви бидат добредојдени, но и одлично ќе се вклопат во крајниот изглед.

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
30 мај 2015
Категорија: 
Тренд