Што да облечете денес?
•
18 јуни 2015
Драги дами, утрово се разбудивме со дожд во главниот град, но и многу пониски температури од што навикнавме. Облечете си го вашето омилено фустанче во темна боја, но никако не заборавајте да си понесете некое џемперче поради ниските температури. Гумените чизми денеска се задолжителни, а за да внесете радост во сивиот ден, одберете некои во интензивна боја. Чантата е во слична нијанса како и џемперчето, а накитот е во златни нијанси.
Уживајте во овој дождлив ден!