Што да облечете денес?
•
14 февруари 2014
Инспирирани од празникот на виното и љубовта, ви предлагаме женствена, елегантна комбинација „обоена“ во три нијанси од кои едната е во бојата на виното. Блескајте со сексапил, а сепак останете формални и соодветни за секакви прилики во текот на денот па и вечерта. Облечете го црното миди кожено здолниште, пастелна блуза која ќе ја ставите внатре во здолништето, а врз нив елегантен капут во темно црвена нијанса со ремен кој ја нагласува половината. Пулсирајте во ритамот на денот и праќајте позитивни вибрации!