Сивото не е секогаш „сиво“

17 ноември 2014

Денеска стартува уште нова работна недела. Доколку вашата фантазија е веќе исцрпена и не знаете што да комбинирате за деновите кои следат, а сакате да изгледате шик и софистицирано на работа,  ви предлагаме нови интересни деловни комбинации, зачинети со сиви нијанси.

Сивата боја сигурно ве потсетува на тмурното и облачно време кое деновиве го имаме. Не дозволувајте да ве обвие сивилото и да се чувствувате несреќно, искористите го во контра ефект и направете интересни комбинации кои ќе бидат шармантен мозаик од сиви тонови.

Извадете ги од плакарот вашите омилени парчиња во сива боја и потрудете се да ги споите на едноставен но истовремено на мошне тренди начин. Сив фустан во со миди должина во комбинација со бела кошула под него, може да изгледа мошне елегантно, а предимензионираниот кардиган во нежна пастелна сива нијанса ќе го претвори вашиот изглед во лежерна комбинација во префинет стајлинг кој можете да го носите на работен состанок.

Доколку сте вљубенички во уличната мода, тогаш здолниште во полн глок со миди должина во црна боја, предимензиониран сив џемпер со висока јака, тенко ременче околу половината и црно – бели ниски патики е идеален спој кој дефинитивно ќе направи да изгледате модерно и урбано. Ако пак, повеќе ја обожавате класиката тогаш црна плетена ролка во комбинација со класични сиви панталони и чевли во стилот на популарните оксфордки, дефинитивно ќе биде добитна визија со која ќе блеснете на работното место.

Креативната фантазија нема граници. Во продолжение на фотографиите погледнете уште неколку аутфити кои според хрватскиот портал fashion.hr се вистински ин оваа сезона.

Објавено:
17 ноември 2014
Категорија: 
Тренд