Скулптурирани карнери
•
12 јуни 2013
Во дизајнерските колекциите за пролет-лето 2013 не само што видовме многу набори и волани, туку повеќето се позиционирани на невообичаени места и во 3-Д верзии. Ретки се дизајнерите што пропуштија своите модели да ги украсат со нео-романтични карнери, а во играта со овој декоративен елемент најмногу се истакнаа Рикардо Тиши во колекцијата на Живанши, Фрида Џанини која што креира за брендот Гучи и Британецот Питер Пилото. Овој тренд повеќе потсетува на скулптура отколку на обичен карнер, а со негова помош пролетната облека добива повозбудлив и комплексен облик.
Гучи