Слип здолниште + џемпер – романтика во зимскиот плакар

11 јануари 2023

Слоевитото облекување е идеален начин како облека од различни сезони да споите во една комбинација.

Пролет и есен се пресретнуваат во зима, ако се водиме по овој концепт, во еден апсолутно функционален и атрактивен пример: спојот на слип здолништа и топли, дебели, плетени џемпери.

Така удобноста станува романтична и женствена.

Една од најпопуларните комбинации оваа сезона и во уличната мода, па ако сте во потрага по инспирација, ја имате во изобилство.

Дополнително, овој спој е флексибилен за комбинирање со остатокот од зимскиот гардеробер па сметајте го како предност во случај кога немате многу време за размислување што да носите во различни ситуации, за кежуал секојдневни прошетки, дружба со пријателите, па дури и за на работа во случај кога работната позиција тоа ви го дозволува.

Доза инспирација во продолжение.

Фото: Пинтерест

Објавено:
11 јануари 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.130 пати