32-годишната Лаура е родена модна ѕвезда.
Оваа француска модна блогерка успева со едноставни и базични парчиња облека да стилизира комбинации кои се впечатливи и во духот на единстевниот француски шик.
Токму затоа и ни го привлече вниманието на Инстаграм каде може да ја најдете како @lglora со речиси 250 илјади следбеници.
Во нејзиниот моден концепт трендовите немаат значајно место. Таа се води по сопствениот инстинкт и сетило за мода, што го прават нејзиниот имиџ инспиративен и посебен. „Се држи" до нејзините омилени парчиња облека (базични и со минималистички дизајн) и постојано наоѓа начин како да им даде нова интерпретација. Токму затоа нејзиниот Инстаграм профил може да ви послужи како место за инспирација, како постоечките парчиња што веќе ги поседувате, да ги комбинирате во нови и свежи варијанти.
Црна, бела и беж се основни и најчесто застапепени во нејзината палета, разиграни со по некој принт (најчесто во пруги).
Ова лето акцентот во нејзиниот гардеробер е на ленените парчиња: широки кошули, дводелни сетови со бермуди, широки панталони, здолништа со висок струк и макси фустани на препрамки со отворен грб.
Сите што ѝ давате предност на едноставноста, веруваме дека тука ќе најдете доволно модна инспирација.
Фото: Инстаграм