Стилот на Викторија Бекам како инспирација за деловен изглед
•
15 ноември 2016
По долгиот период на стилски експерименти, последниве неколку години Викторија Бекам успеа да изгради елегантен, софистициран и женствен стил, што може да им послужи како пример на сите деловни дами.
Впрочем и нејзините колекции се естетски многу блиски до она што таа го преферира во својот личен стил, па можеби оттука и гарантираниот успех на секоја нејзина линија – таа точно знае што жените сакаат.
Викторија им е верна на совршено скроените фустани, здолништата до под колена, предимензионираните плетенини, оделата, макси капутите како и масивните чанти.
Во продолжение правиме избор од неколку нејзини впечатливи аутфити кои совршено би се вклопиле во вашиот деловен свет.