Стилски пар: плетен џемпер + миди здолниште

12 октомври 2018

Откако тенденциите на предимензионирана облека ги освоија симпатиите во уличната мода, веќе со години овој тренд е еден од водечките.

Па во тој контекст, секоја сезона имаме нов омилен стилски спој што вклучува предимензионирани парчиња.
Една од актуелните шик комбинации, што е исто толку популарна и во деловниот свет колку и во уличната мода, е комбинацијата на широк, плетен џемпер и миди здолниште.

Одличен начин како да се спои лежерен стајлинг со беспрекорно модерен изглед.

Плисираните здолништa во металик нијанси што се актуелни и оваа сезона, изгледаат одлично во пар со широките плетени џемпери со должина до колена или пак „пенсил" здолништата со висок струк може да ги комбинирате со плетена ролка – аутфит што може да го планирате за вашиот деловен изглед во текот на претстојната сезона.

 

Објавено:
12 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.742 пати