Супер летни комбинации за трудници

13 јуни 2017

Додека уживате во периодот на бременоста, не се ограничувајте во однос на времето одвоено за самите себе, вклучително и за вашиот „привремен" труднички стил.

Благодарение на тоа што бројни етикети имаат свои специјализирани линии за трудници, изборот на облека што може да го комбинирате за време на бременоста, е навистина богат.

Во прилог на ова се и актуелните модни тенденции што предимензионираните парчиња ги наметнуваат како приоритет.

Тука секогаш може да ги земете в предвид широките и романтични бохо фустани, лелеавите широки панталони изработени од природни материјали, туниките во пруги или оние изработени од лен, комбинезоните, кошула-фустаните, комбинирани со летните еспадрили, отворените сандали или кломпите на дебела потпетица.

Неколку инспиративни идеи во продолжение:

Фото извор: pinterest

 

Објавено:
13 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.529 пати