Тантелни фустани и во зима

12 октомври 2016

Романтичните тантелни фустани остануваат стилски фаворит и во оваа сезона, есен-зима 2016/17.

Со цел да ги прилагодат на актуелната сезона, дизајнерите креираа фустани од тантела со долги ракави и ги комбинираа со топли и пријатни материјали.

При тоа тантелните фустани покрај тоа што ќе се носат на коктел вечери и настани за посебни прилики, исто така ќе ги комбинираме во секојдневниот изглед со удобни ниски чевли или со чизми до глужд.

Во уличната мода веќе го имаат своето примарно место, особено во комбинациите на романтичните девојки кои својот омилен тантелен фустан го спрауваат со шапка, крзнен шал, мини чанта или со чорапи над колена и ниски чевли.

Објавено:
12 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.257 пати