Во денешно време е речиси невозможно да си ја замислиме гардеробата без парфармерки. Познато е дека ова парче облека зазема многу високо место по својата популарност на листата на омилени женска облека.
Фото: Pinterest
Денес фармерките се достапни на пазарот во широк спектар на модели, кроеви и дизајни кои ќе ја истакнат секоја фигура и ќе го истакнат секој стајлинг. Овие панталони се одлични за различни временски услови и се совршена основа за создавање на широк спектар на стилови; од лежерно до елегантно. Со женски фармерки за миг ќе го комплетирате вашиот аутфит и ќе изгледате подеднакво одлично по напорниот ден на работа како и на состанок или во кафуле со вашите пријатели.
Сепак, повеќето би се согласиле дека претставува предизвик да се најде вистинскиот пар фармерки. Фармерките треба да ги нагласат вашите силни страни и да ги сокријат сите потенцијални недостатоци.
Фото: Pinterest
Тесните класични фармерки во моментов се најпопуларниот модел на женски фармерки кои одговараат на речиси секој тип на фигура, но секако, тука се и фармерките со широк крој, особено поопуларен кај помладата генерација која избегнува облека припиена за телото.
Па, Се прашувате како да ги изберете совршените кои одговараат на вашиот стил и фигура?
Пред се, погрижете се кројот и бојата на фармерките да ви одговараат најмногу на типот на тело и остатокот на гардеробата што ја имате дома. Тесните фармерки изгледаат одлично на секој тип на тело, додека пак широките со опуштен крој можат ефективно да скријат недостатоци.
Фото: Pinterest
Во однос на стилот, доколку сте љубители на минимализмот и барате фармерки кои ќе ви послужат како дел од секојдневната гардероба, одберете црн модел. Белите фармерки се совршени за лето. Ако сте рокерски тип и често носите кожна јакна, тогаш кожените фармерки ќе бидат совршени за вас.
Што и да одберете, нема да погрешите. Она што е најважно е да се чувствувате убаво и удобно во вашите фармерки.