Врв на женската сензуалност, прикажана суптилно, а сепак доволно – голите рамена.
Тивка елеганција. Ненаметлива женственост.
Откријте ги рамената и сосема е доволно.
Во прилог на ова се и актуелните летни тенденции кои пред нас отвораат една лепеза богата со парчиња кај кои главниот акцент е ставен токму на рамената.
Рафинирана едноставност која остава доволно простор за комбинирање и преку ден и за навечер, со само една мала трансформација на модните додатоци помеѓу.
Кога сме на оваа тема, одличен избор се фустаните со голи рамена ако периодов се подготвувате за некоја свеченост. А исто толку добар избор се и за на летен одмор, се разбира овојпат комбинирани со лесни летни обувки или отоврени сандали, а сламениот шешир секако е добредојден.
Фото: Пинтерест