Палета од десет смирени тонови го сочинува изборот на најпопуларни бои за оваа пролет-лето сезона, на институтот „Пантон".
Под влијание на уметноста, како и предводени од желбата да се вратат кон природата и да се „исклучат" од технологијата, најголемиот дел од дизајнерите при создавањето на своите пролетни колекции гравитираа околу палета на пастелни, релаксирачки бои.
„Боите за оваа сезона се во функција да нè однесат на некое среќно и сончево место каде што ќе бидеме слободни да се изразиме онакви какви што навистина сме", вели извршниот директор на институтот „Пантон", Лејтрис Ајсман.
Ова се десетте најпопуларни бои за сезоната што претстои (праска, ледено сина, интензивна сина, жолта, нежно сина, сива, портокалова, кафена, зелена, нежно розова):