Тренд аларм: Бохо стил за супер понеделник

18 мај 2015

trend alarm

За денеска ви предлагаме да се облечете лежерно и хипи. Инспирирани од најновите модни трендови и “фестивал” изгледот, ја направивме оваа комбинација од Mango.

Ѕвонестите фармерки ги носиме со едноставна маичка со реси, а финалниот изглед го добивме со овој супер кул накит од Parfois.

Чантата, исто така од Parfois, е носечкиот детаљ во целата комбинација, а нејзината форма и дизајн се одлични за девојки кои сакаат да ја изразат својата индивидуалност.

Објавено:
18 мај 2015
Категорија: 
Тренд